Проектот EnergyMeasures им помага на енергетски ранливите домаќинства во Македонија

Дали ви е тешко да го затоплите вашиот дом?
Или можеби заостанатите долгови за енергија стануваат проблем?

Ако е така, можеби имате право да добиете помош од иновативен проект финансиран од ЕУ: EnergyMeasures.
EnergyMeasures работи на подобрување на енергетската ефикасност на домаќинствата во енергетски тешкотии на повеќе начини, вклучително и од:

  • обезбедување енергетски мерки од мал обем;
  • работа со домаќинствата за промена на нивното однесување поврзано со енергијата;
  • обезбедување поддршка и совети за домаќинствата.

Хабидом е организацијата која го спроведува проектот во Македонија. Доколку сакате да ја проверите вашата подобност и да се регистрирате за проектот, контактирајте ги на телефон +389 2 3087 239 ; на +389 71 321 493 или на office@habidom.mk.

За Хабидом
Хабидом е лиценцирана компанија за управување со станбени згради и нејзината цел е да ги подобри условите за живот во колективните станбени згради. Освен тоа, Хабидом е посветен и на подобрување на енергетската ефикасност на домаќинствата и зградите. Проектот EnergyMeasures е еден од проектите со кои Хабидом има за цел да придонесе за постигнување на поголема енергетска ефикасност и помала енергетска ранливост.
Хабидом е основана во јули 2015 година и поседува лиценца издадена од Државната регулаторна комисија за домување (лиценца заведена под број 03-403 / 3 на 10.09.2015 година).

Милан Кузманов
Милан Кузманов е директор на Хабидом од нејзиното формирње и воедно е менаџер на проектот EnergyMeasures. Тој е магистер по маркетинг и посетувал повеќе обуки и курсеви за менаџирање, домување, межу кои и обуката за лидерство во Атланта, Џорџија, САД. Неговите области на експертиза вклучуваат: менаџмент, домување, енергетска ефикасност на станбени згради.

Омер Ајдини
Омер Ајдини е асистент на проектот EnergyMeasures. Тој е магистер по развојни науки на Универзитетот на Малаја во Малезија.